Рендери од претстојната iPhone 16 серија на Apple се појавија на интернет и открија неколку детали.
Ќе треба да чекаме долго за пристигнувањето на iPhone 16 серијата на Apple, а компанијата експериментира со различни дизајни. Ова всушност се однесува на дизајнот на задниот панел, како и распоредот на копчињата на основниот iPhone познат внатрешно како „DeLorean“. Засега е познато дека има три предпродукциски дизајни, односно рендери, кои ги покажуваат можните нови промени.
Првиот дизајн е инспириран од оној на моделот iPhone X со вертикално тело во облик на пилула, во кое се сместени две камери.
Жолтиот прототип на iPhone 16 има унифициран менувач за јачина на звукот наместо посебните копчиња што ги имаат сите модели на iPhone од 2010 година. Сите три уреди содржат и капацитивно Action копче над копчињата за контрола на јачината на звукот, додека црниот модел има визуелно поголемо копче.
Преостанатите два рендери на уредот во розова и црна боја го заменуваат споменатиот дизајн со попознат изглед каде камерите се сместени во метален прстен.
Црниот модел доби и капацитивно копче за фотографирање поставено под Power копчето. Претходните гласини велат дека новото копче во седиштето на Apple е наречено „Project Nova“ и ќе нуди повратни информации од допир, а истовремено ќе делува и како активирач на камерата.
Акциското копче се очекува кај сите модели од iPhone 16 серијата.