Google работи на нова функција наменета за апликацијата Messages.
Тоа е функција која ќе им овозможи на корисниците да уредуваат пораки откако ќе бидат испратени, барем така сугерира кодот забележан од TheSpAndroid.
Референците за функцијата првично се појавија во бета верзијата на апликацијата на 19 ноември, а сега има уште четири ставки кои го потврдуваат споменувањето.
Доказите за новата функција во развој се појавија во време кога поддршката за уредување пораки станува се поприсутна во другите апликации за допишување. Apple ја додаде оваа опција за корисниците на iMessage со пристигнувањето на iOS 16 минатата година, додека WhatsApp лансираше слична функција претходно оваа година. Во двата случаи, времето во кое е можно да се уредуваат пораките е ограничено, две минути за iMessage и 15 минути за WhatsApp. Двете услуги им овозможуваат на корисниците да бришат пораки откако ќе бидат испратени, но се чини дека апликацијата на Google не го прави тоа.
Покрај тоа, не се знае дали ќе има временско ограничување за уредување пораки, како и дали примачот ќе ја гледа историјата на уредување.