Huawei на голем настан претстави неколку нови уреди како што се безжични слушалки и таблет уредите FreeClip. Покрај тоа, компанијата откри и дека лаптопот Huawei MateBook D 16 2024 со оперативен систем Windows ќе пристигне во Европа, додека другите споменати уреди ќе бидат достапни и на глобалниот пазар.
Овој лаптоп беше најавен минатиот месец во Кина и донесува IPS LCD екран со дијагонала од 16 инчи и резолуција од 1920×1200 пиксели, сооднос од 16:10 и максимална осветленост до 300 нити. Во MateBook D 16, компанијата инсталираше тастатура со нормална големина со посебен нумерички дел, тракпад со пет точки на допир, два звучници и два микрофони.
Основниот модел на овој лаптоп компјутер ја нуди 13-та генерација Intel Core i5 процесори, како и Intel UHD графичка картичка, додека моделите од повисоката класа добиваат i7 и i9 процесори со Intel Iris Xe графика. Сите модели обезбедуваат 16 GB LPDDR4X RAM и еден терабајт M.2 SSD тип 2280.
Huawei MateBook D16 во Европа ќе биде достапен во опции со неколку варијанти на конфигурација и со цени почнувајќи од 999 евра за верзијата со: Intel Core i5 процесор од 13-та генерација, 16 GB RAM и 521 GB простор за складирање, додека 1399 евра ќе чини верзијата со понапреден Intel Core i9 процесор со исто така 16 GB RAM и еден терабајт простор за складирање. Преднарачките почнуваат на 8 јануари, а официјалната продажба започнува на 22 јануари.