Новите информации укажуваат дека Sony можеби се подготвува да се збогува со телефоните Xperia, за да се фокусира на нова линија со нови технологии.
Поминаа 15 години откако Sony ја претстави легендарната Xperia линијата смартфони, а сега изгледа дека компанијата се подготвува да се збогува со овие легендарни уреди. Гласините сугерираат дека компанијата би можела да претстави сосема нов смартфон со камера во својот опсег.
Вистина е дека Xperia линијата никогаш не беше толку популарна кај корисниците како iPhone или Samsung Galaxy уредите, но не може да се каже дека се работи за лоши телефони. Сепак, уредите беа скапи и не одговараа на сите кога станува збор за дизајнот.
Познатиот дојавувач Zackbuks од екосистемот на Sony Xperia, неодамна објави на мрежите: „2008-2023 Xperia the best“. Оваа енигматична порака наведе некои да го протолкуваат ова како потенцијално збогување со линијата Xperia по 15 години.
Ако тоа се случи, нема да биде единствената голема промена во поглед на иднината на телефоните на Sony. Извештаите споменуваат дека Sony подготвува смартфон за 2025 година, кој би можел да ја има најновата UDC технологија, со камера под дисплејот.