Компанијата Tesla повлекува повеќе од два милиона возила за да го поправи неисправниот систем кој ги предупредува возачите кога користат режим на автопилот.
Оваа информација денеска ја објави американската Национална управа за безбедност во сообраќајот, која додаде дека Tesla ќе го ажурира софтверот за да го реши овој проблем, пренесува АП.
По двегодишна истрага, американскиот регулатор откри дека системот на Tesla за предупредување на возачите да внимаваат кога го користат режимот за автоматска контрола на возилото е несоодветен и може да се злоупотреби.
Повлекувањето ги вклучува речиси сите возила што ги продава Tesla во САД откако ја активираше функцијата автопилот кон крајот на 2015 година и се однесува на сите модели од овој производител.
Со години, застапниците за безбедност во сообраќајот бараат построго регулирање на системот за следење на возачите во автомобилите, кој главно проверува дали рацете на возачот се на воланот.
Возилото во режим на автопилот може автоматски да управува, да забрзува и да сопира во својата лента, но системот е дизајниран да му помага на возачот и не може самостојно да управува со возилото и покрај неговото име.
Независните тестови открија дека системот за надзор лесно може да измами. Возачи на Tesla на автопилот се фатени како возат пијани или седат на задното седиште.