Samsung многу скоро ќе ја претстави својата нова Galaxy S24 серија, но секако има и неколку интересни гласини за идните смартфон модели на компанијата. Ова вклучува и информации за потенцијалниот изглед на евентуален помал Galaxy S Ultra модел, за да се натпреварува со iPhone Pro.
Уредот ќе има компактно тело, но ќе вклучува спецификации од поголемиот флегшип уред. Овој модел би можел да се додаде во FE линијата, што сепак би било изненадувачки. Меѓутоа, се уште нема конечна потврда за овој проект, што значи дека неговата реализација воопшто не е извесна.
Исто така, има индикации дека компанијата подготвува и редизајн на својата главна флегшип линија по Galaxy S25. Ова значи дека би можеле да видиме поинаков изглед на уредите, почнувајќи со Galaxy S26. Се размислува и за ограничување на моделите од Galaxy A серијата.