Флегшип серијата смартфони X100 на Vivo сега е достапна на глобално ниво, но цените допрва треба да бидат објавени.
X100 и X100 Pro дебитираа во Кина во ноември со многу сличен хардвер. Двата уреди ги покрекиува процесорот Dimensity 9300, имаат 6,78-инчни 8 LTPO AMOLED екрани со резолуција од 1.260p и променливи стапки на освежување од 1-120Hz. Максималната осветленост на панелите изнесува 3.000 нита и тие нудат затемнување PWM од 2.160 Hz за заштита на очите. Сензорот за отпечатоци е интегриран во споменатиот екран, додека селфи камерата од 32 MP е сместена во отворот во дисплејот.
Покрај тоа, двата смартфона се водоотпорни според IP68 стандардот и доаѓаат со оперативниот систем Android 14 со Funtouch OS 14 интерфејсот на Vivo. Уредите доаѓаат во две бои, Startrail сина и Астероид црна.
X100 Pro се издвојува по системот на камера. Се одликува со главен 50 MP 1-инчен сензор IMX989, како и уникатна „лебдечка“ перископ камера со леќа од 100 mm (f/2,57) пред 50 MP, 1/2,0 инчниот сензор. Се рабпти за првиот мобилен зум што има Zeiss APO сертификат. Телефонот има и ултраширока 50 MP 15 mm камера, а Pro моделот го користи и најновиот 6nm V3 чип на Vivo за обработка на слика.
Pro моделот го напојува поголема батерија со капацитет од 5.400 mAh, која поддржува 100W жично и 50W безжично полнење, додека стандардниот X100 има батерија со капацитет од 5.000 mAh со поддршка за жично полнење од 120 W и малку „ полоша“ камера. Главната камера од 50 MP доаѓа со сензор од 1/1,49 инчи, а тука е и 70 mm f/2.6 зум камера, како и истата 15 мм ултраширока камера Сепак, X100 е опремен со постар V2 чип за обработка на слика.
X100 доаѓа во две конфигурации, 12/256 и 16/512 GB, додека X100 Pro е достапен само со конфигурација од 16/512 GB. Цените ќе бидат познати малку подоцна.