Синото копче „Unsubscribe“ пристигна на веб-верзијата на Gmail.
На веб-верзијата на Gmail почнаа да се појавуваат построги правила на Google за масовните испраќачи на Gmail , чија цел е да се намали спамот и да се олесни одјавувањето од непожелните мејлови.
Како што е забележано од 9to5Google, задебелените сини букви „Откажи ја пријавата“ сега се појавуваат веднаш до името на испраќачот, проверката за верификација (ако ја имаат) и мејл адресата. Редизајнираното копче ја испраќа во историјата малку подискретната верзија од 2014 година со својот обичен сив текст подвлечен со црта.
Google во октомври постави праг за стапка на спам за испраќачите на е-пошта. Со ова компанијата практично одговори на компаниите и групите кои праќаат повеќе од 5.000 пораки на Gmail дневно за да го минимизираат бомбардирањето на сандачињата на корисниците. Сето тоа е дел од планот на Google да го држи под контрола спам-от.
Најдоцна до февруари 2024 година, масовните испраќачи на електорнскја пошта ќе треба да им овозможат на корисниците на Gmail лесно да се откажат од нивните мејлинг листи со едно кликнување на копчето „Одјави се“. Но, ако користите Gmail на интернет, можеби веќе сте ја забележале новата истакната опција за откажување.
За разлика од претходната, подискретна верзија од 2014 година, ова копче бара потврда пред Google да преземе иницијатива да ве одјави за вас со испраќање е-пошта од вашата сметка.
Дополнително, кога ќе поминете над порака во вашето сандаче, оваа кратенка се појавува и на десната страна, пред Архивирај и Избриши.
Овој задебелен текст веројатно се подготвува да пристигне и на апликацијата Gmail за Android. Google минатиот месец веќе започна со тестирање на копчето за одјава за Gmail на Android за да ја усогласи мобилната верзија со веб-верзијата. Копчето за одјава од мејлинг листата се наоѓа од десната страна на адресата на испраќачот на мобилниот уред.