Според гласините од последните неколку дена, Nothing подготвува нов смартфон, а неговата премиера ќе се одржи многу скоро. Како што веќе напишавме, се работи за Nothing Phone (2a), а неговото претставување се очекува во февруари за време на мобилниот конгрес во Барселона. Тоа го потврдуваат нови информации, кое откриваат дека цената на телефонот ќе изнесува околу 400 долари, а носи и дополнителни технички детали.
Дојавувачот Yogesh Brar покажа фотографии од тест примерок на паметниот телефон во заштитна футрола, што не открива многу за неговиот дизајн, освен дека двојната примарна камера ќе биде во пејзажна ориентација. На снимката се гледа дека уредот ќе има 6,7 инчен AMOLED дисплеј, а според податоците ќе поддржува брзина на освежување до 120 Hz.
Очекуваме и MediaTek Dimensity 7200 чипсет, меморија од 8/128 GB (најверојатно други конфигурации), двојна камера од 50 MP и заден дел со нов дизајн и Glyph светлина во конфигурација од три дела. Се чини дека уредот работи на Nothing OS 2.5 интерфејс базиран на Android 14.
Nothing Phone 2a PVT
Gets:
– 120Hz OLED panel
– Dimensity 7200
– 8/128GB
– 50MP dual camera setup
– Ships with Nothing OS 2.5
– Android 14
– New back design
– Redesigned Glyph
– Glyph controls similar to Phone 2MWC launch, Good for $400 pic.twitter.com/WNCoJoRMhW
— Yogesh Brar (@heyitsyogesh) December 16, 2023