Новата полуцврста батерија од 150 kWh веќе постоеше, кога автомобилот Nio ET7 успеал да помине дури 100 километри повеќе со едно полнење на батеријата отколку овој викенд – 1.145.
Електричниот автомобил на кинескиот производител Nio успеа да помине речиси неверојатни 1.044 километри со само едно полнење на батеријата. Моделот ET7, управуван од коосновачот и извршен директор на компанијата, Вилијам Ли, е опремен со нови полуцврсти батерии (SSB) со капацитет од 150 kWh.
А кога по поминати 1.044 километри, Ли и неговиот совозач Шен Феи, директор на компанијата Nio Power, решиле да застанат, индикаторот покажал дека на батеријата ѝ останале уште 3% од капацитетот, односно имаат доволно енергија за уште 30 километри возење.
Возењето, кое започнало на станицата за размена на батерии во Шангај, завршило на југот на Кина во градот Сиамен. Патувањето цело време беше пренесувано на интернет.
Новата батерија од 150 kWh претходно беше тестирана на рутата помеѓу Куенмин и Беихаи. Во тоа време, според тврдењата на Ли, автомобилот можел да помине дури 100 километри повеќе од овој викенд – 1.145.
За време на последното рекордно возење, 92% од вкупното време (957 километри) ET7 се движел со помош на автономниот навигациски систем Navigate-on-Pilot (NOP), со просечна максимална брзина од околу 90 км/ч и просечна потрошувачка од околу 13,2 kWh/100 км. Просечната брзина на движење во текот на целото патување, кое траело 14 часа со паузи, изнесува 83,9 км/ч.
https://x.com/arena_ev/status/1736677535495123318?s=46
SSD батеријата што го напојувала автомобилот беше развиена од кинескиот производител на батерии WeLion. Има густина од 260 Wh/кг и тежина од 575 кг, како и систем за ладење кој е дури шестпати поефикасен отколку кај обичните батерии.
Nio моментално ги опремува своите четири тркала со батерии од 75 или 100 kWh. Батеријата од 150 kWh има многу поголем капацитет, но се карактеризира со димензии идентични со помалите пакувања, како и можност за вградување во кој било од моделите на Nio. Друга забележителна карактеристика е тоа што потребни се само 3 минути за да се сменат батериите.
Кинескиот производител работи на нови модели базирани на нивните нови платформи NT1 и NT2, кои се тестирани и сертифицирани за новите батерии од 150 kWh. Нивното масовно производство ќе започне во април 2024 година и ќе биде многу скапо.
Претседателот на компанијата Nio, Чин Лихон, вели дека цената на една батерија ќе биде иста како цената на електричниот седан од високата средна класа Nio ET5, кој во Кина чини 328.000 јуани, или нешто повеќе од 42.000 евра.
Електричниот автомобил со најдобра автономија во моментов е Lucid Air Touring, способен да помине 830 километри со едно полнење на батеријата без дополнување.