Американската вселенска агенција NASA се подготвува за почетокот на експериментот наречен GUSTO, што е кратенка за Galactic/Extragalactic ULDB Spectroscopic Terahertz Observatory, кој има за цел да направи 3Д мапа на дел од галаксијата Млечен пат.
Експериментот GUSTO се состои од телескопот кој ќе лебди на висина од 36,6 километри над Антарктикот со помош на балон во период од 55 дена и ќе ги впива радибрановите со висока фреквенција кои продираат низ космичкиот меѓуѕвезден простор. Тоа е термин кој ги означува гасовите, прашината, радијацијата и другите материјали кои го сочинуваат просторот меѓу ѕвездите.
GUSTO ќе бара сигнали на јаглерод, кислород и азот во меѓуѕвездениот простор, а со тоа се навестува за тоа како се формираат ѕвездите и планетите, конкретно она што прави вселенските честички да се групираат и да формираат молекуларни облаци кои претходат на формирањето на ѕвездите.
Балонот ќе полета од антарктичката станица Мекмурдо најрано на 21 декември годинава. Мисијата ќе ја открие 3Д структурата на Магеловиот облак, џуџестите галаксии во близина на Млечниот пат, кој е видлив со голо око од делови од земјината јужна хемисфера. Телескопот ќе лета во атмосферскиот антициклон на Јужниот пол, кој ќе го води во кругови околу полот во текот на мисијата.