Со површина до 3.900 километри квадратни – „А23а“ е убедливо најголем леден брег на светот. По повеќе од 30 години, најголемиот леден брег на светот е повторно во движење.
Најновите научни анализи на Европската агенција за истражување на вселената ја утврдила и неговата точна дебелина – 280 метри.
Имајќи ги тие податоци предвид, неговата вкупна маса изнесува речиси билион тони.
„А23а“ се отцепил од Јужниот пол во 1986-та година, но набрзо заглавил во плиткиот дел на Веделовото море.
Say hello to iceberg A23a, the largest iceberg in the world.
This extraordinary month-long time lapse captures its journey from the Weddell Sea into open ocean waters. pic.twitter.com/TEttjhxp4R
— CIRA (@CIRA_CSU) December 5, 2023
Од тогаш секоја година губел околу 2,5 метри дебелина, што на почетокот на оваа година овозможило да се ослободи од дното и повторно да почне да се движи.
Научниците истакнуваат дека „А23а“ се наоѓа во критичен дел од своето патување, а во наредните неколку недели точно ќе се знае по кој пат ќе се движи низ Јужниот океан.
Largest iceberg A23A 🤩
📸 by: Andrew Miller pic.twitter.com/jLNYQ5XHXy
— Woman of Wonder (@WonderW97800751) December 9, 2023
Ледениот брег се наоѓа на врвот на Антарктичкиот полуостров каде неколку водени струи ќе се сретнат, а на целото подрачје доминираат силни ветрови од запад.
Се очекува дека сепак ќе тргне по „улицата на ледените брегови“, траекторија по која се движат многу ледени брегови кон островот Јужна Џорџија во Јужниот поларен океан.