Три години од почетокот на продажбата, компанијата Sony ја надмина бројката од 50 милиони продадени копии на конзолата PlayStation 5.
Ова е навистина импресивна бројка, особено кога ќе се земат в предвид проблемите со синџирот на снабдување, кои ги ограничија опциите за испорака откако PS5 излезе во продажба во ноември 2020 година.
На PS5 конзолата и беше потребна само една недела повеќе да ја премине „магичната“ бројка во споредба со претходникот PS4, кој немаше толку многу проблеми во синџирот на снабдување, ниту пак се појави за време на глобална пандемија.
Sony ги надмина конзолите на Microsoft Xbox Series X и Series S за речиси 3:1 оваа година.
Иако Microsoft не објавува официјални податоци за продажбата на Xbox, се проценува дека оваа година компанијата продала 7,6 милиони конзоли од новата генерација, што е за 15 отсто помалку во однос на 2022 година. Од друга страна, продажбата на Sony „експлодираше“ и порасна за 65 проценти достигнувајќи 22,5 милиони продадени конзоли.
Не е тешко да се види зошто PS5 е повеќе баран на пазарот, бидејќи Sony објави голем број одлични наслови за оваа генерација конзоли, вклучувајќи го и Spider-Man 2, како и God of War Ragnarok. Microsoft се „сопна“ со своите попопуларни наслови како што се Halo Infinite и Redfall.
Сепак, можно е Microsoft да има поинаква цел, односно да е повеќе фокусиран на Xbox Game Pass претплатата, која им овозможува на гејмерите да стримуваат наслови преку облак и да играат игри на компјутер.