Вчера во хотелот „Холидеј ИН“, во организација на издавачот на годишното издание не престижниот магазин The Economist, the World Ahead 2024, Колор медија плус и ПР агенцијата Represent Communications се одржа првиот The Economist, the World Ahead Meet UP. На настанот беше промовирано годишното издание на македонски јазик и се одржаа три панел-дискусии.
Панелот „ЕСГ во 2024: Глобални трендови, локална применливост и одржливи инвестициски стратегии“, модериран од Наташа Велковска, ПР-менаџер во Represent Communications, се осврна на начинот на кој тековните и идните трендови во ЕСГ се рефлектираат врз бизниси и како компаниите ги имплементираат ЕСГ стратегиите во локален контекст. „Одржливиот развој и грижата за заедницата се стратешки приоритети за Пивара Скопје. За нас ЕСГ е начин на живот што се гледа од фактот дека 9-та година по ред, како дел од – Coca Cola HBC, добиваме највисоки оценки (ААА) во полето на одржлив развој од MSCI ESG Ratings, како и во рамки на FTSE4Good индексот, а се рефлектира во нашите иницијативи и платформи како „Свет без отпад“, „Нула емисии на СО2“, „Генералка викенд“, „Наша гордост, наша одговорност“ „Сончева гора“, Youth Empowered итн.“, рече генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев.
„ЕСГ е нешто кон кое треба сите да се стремиме, без разлика дали има законска обврска или не. За нас како Адвокатско друштво не беше едноставно да го поминеме процесот на ЕСГ сертификација но морам да кажам дека тоа што го поминавме ни дава уникатна перспектива да им бидеме поддршка на нашите клиенти во имплементација на нивните ЕСГ стратегии“, беше една од поентите на д-р Ана Пепељугоска, адвоакат-партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски.
Во оваа панел-дискусија Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка којавеќе 10 години работи на принципот на одржливо банкарство и известува за своите ЕСГ активностија потенцираше важноста ЕСГ стратегијата да се содржи во сите активности, додека Александра Томиќ, уредник на Блумберг Адрија Дигитал, ја истакна улогата на медиумите во борбата притив greenwashing практиките.
„Истражување на трговските трендови, предизвици и можности за 2024“ беше насловот на панел-дискусијата каде се обрати Данијела Гачевиќ, в.д. директорка на Секретаријатот ЦЕФТА во Брисел, која истакна „Сржта е во дигитализацијата. ЦЕФТА иницијативите и SEED+ системот се основа за соработка меѓу царинските служби во регионот, веќе нема доцнење и чекање, и не само што беше важна во изминатиов период, туку сигурни сме дека ќе биде важна и во иднина.“
За Ина Милошевска, менаџерка на продажба во Екотип, да се оди чекор понатаму е секогаш вистински предизвик: „Како носители на ‘Зелената револуција’, која е наше позитивно искуство, се соочуваме со предизвици како земја која не е членка на ЕУ, при што од голема помош е искуството на партнерите кои поминале низ тој процес. Да, патот е тежок, но ние го гледаме како уникатна можност“.
Во оваа панел-дискусија имаа збор и Татјана Штерјова Душковска, генералната секретарка на Инвестициски форум на Западен Балкан, која меѓу другото истакна дека нивното мото е „еден регион-една економија“, стремејќи се кон дефинирање на три клучни сектори согласно специфичностите на економиите на Западен Балкан; како и Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Груп, кој вистинските можности и предизвици ги гледа во модерните текови и во сегашните и идните иновативни решенија.
На тема „Дигиталната иднина на бизнисот: Технологија, иновации и трендови во 2024 година“, разговараа Филомена Пљакоска Аспровска, главната извршна директорка и претседателка на Управниот одбор на КаСис АД Скопје; Киро Бурназовски, Country Manager за Република Северна Македонија на Evrotrust Technologies, компанија чие дигитално решение за електронски идентитет, дигитален потпис на далечина и доверливи услуги го користат над 200 големи корпоративни клиенти од 11 земји меѓу кои 15 големи банкарски групации од ЕУ; Васил Буралиев, основач и сопственик на ВБУ Кoнсалтинг, кој им помага на стартапи што креираат софтверски производи, како и Филип Арсов, искусен професионалец во областа на авијацијата, информатичките технологии и претприемништвото, ко-основач и сопственик на компанијата Synapse Аviation, чие софтверско решение Airport Briefing се користи на ниво на цела Луфтханза групацијата што вклучува десет авиокомпании.
Во дискусијата модерирана од Емилија Зографска, експерт за корпоративни комуникации во А1, говорниците се согласија дека дигиталните решенија ќе значат многу за напредувањето на бизнисите или како што истакна Пљаковска-Аспровска:
„Приспособливоста кон промени, како и способноста да се развијат иновативни решенија, ќе бидат клучни за успехот во 2024 година.“ додавајќи дека КаСис веќе работи во духот на глобален лидер во обезбедување на иновативни решенија, техничко технолошка подршка и експертиза во областа на картичните технологии и е-трговијата кои им помогнат на нивните клиенти во растот на регионален и глобален пазар.