Привремена берберница е отворена на кинеската вселенска станица Тиангонг, што значи Небесна палата, кога членовите на мисијата Шенжоу-17 решија да се стрижат меѓусебно, објави кинеската CCTV.
Видеото е направено на 15 декември и покажува како изгледа шишање и миење на косата во орбитата, а објавено е од Кинеската вселенска агенција за човечки екипаж (CMSA).
Ова видео е уникатен доказ во тоа како изгледаат вселенските берберници и како астронаутите ја мијат косата.
Тројцата членови на мисијата Шенжу-17 се во орбитата речиси 50 дена и успешно завршија неколку задачи, вклучително и извлекување на опрема од вселенската станица за експерименти.
Како што беше најавено денеска, екипажот наскоро треба да тргне на својата прва вселенска прошетка.