Новата функција на Samsung, Medications Tracking ги потсетува корисниците кога треба да земат лек. Моментно е достапна во САД и се очекува наскоро да пристигне на глобално ниво
Samsung го претстави Medications Tracking, нова функција за апликацијата Health која им помага на корисниците да следат сè што е поврзано со нивните лекови – од тоа во кое време треба да ги земаат, до кога треба да одат во аптека за нови.
Потсетниците за земање на лекот ќе се разликуваат според тоа колку е важен и колку е „временски чувствителен“. На пример, ако корисникот мора да земе антибиотик точно во 15 часот и нема многу простор за поместување на таа временска рамка, потсетниците ќе бидат малку поинтензивни.
Од друга страна, ако корисникот зема суплементи кои можеби не се толку важни, ќе добие само pop-up прозорец како потсетник. Покрај тоа, апликацијата Health ќе содржи и некои основни информации за популарните лекови, како што се несакани ефекти и несакани интеракции со други лекови или храна и пијалоци.
Функцијата моментно е достапна само за корисниците во САД и наскоро ќе се појави на глобално ниво.