Кинеското мистериозно вселенско летало Shenlong испушти мистериозни објекти во орбитата кои емитуваат збунувачки сигнали, предизвикувајќи глобални претпоставки за нивната цел.
Неодамна лансирањето на кинеското вселенско летало Shenlong (Божествен змеј) на 14-ти декември од центарот за сателитско лансирање Јиукуан, поттикнало претпоставки поради примената на шест мали објекти, кои аматерските набљудувачи на небото ги означиле со буквите од А до Ф и кои тоа летало ги испуштило во Земјината орбита.
Аматерските астрономи тие мистериозни предмети го окарактеризирале како придружнички на кинеското експериментално орбитално летало, кое по своите мисии во септември 2020-та и август 2022-ра година и натаму привлекува внимание.
Скот Тајлс, аматерски астроном, ја опишува емисијата од мистериозни објекти како мешавина од сигнали, од кои некои пренесуваат мала и ограничена количина на податоци.
Објектите Д и Е, од друга страна, емитуваат сигнали без податоци, односно служат само како објекти кои го држат своето место. Тајлс забележува оригиналност на кинеската мисија, односно потреба за координирани напори на набљудувачите од површината во текот на неколку дена во собирањето на податоци.
-4 days after launch on 3rd mission #China's Shenlong ("Divine Dragon") robotic space plane places 6 unknown objects into Earth orbit
–#CCP is hell-bent on militarizing the #space
-This makes my argument — “#India needs a dedicated Space Force”, stronger:https://t.co/WanvHia3WV pic.twitter.com/JDKD2xrtUy— Insightful Geopolitics (@InsightGL) December 20, 2023
Тајлс ја крева свеста за потенцијални блиски средби меѓу објектот А, во речиси кружната орбита и елиптичните орбити на објектите Д и Е. И покрај повремените сигнали, Тајлс верува дека во оваа кинеска мисија постои нешто што ја разликува од претходните наведени мисии.
Се појавуваат и споредби меѓу кинескиот „Shenlong“ и вселенските летала на „Boeing“ за повеќекратна употреба на „X-37B“. Двете делат ниво на тајност околу нивниот развој и целите на нивните мисии, со тоа што вториот бил дел од проектот „X-37“ во доцниот 20-ти век за на крајот да еволуира во проект на американското министерство за одбрана во 2004-та година.
Како што аматерските астрономи ширум светот теоретизираат за активностите на „Shenlong“, САД со својот „Boeing X-37B“ одразуваат дискретно присуство во подрачјето на вселенските летала за повеќекратна употреба.
Меѓусебниот надзор на Кина и САД поттикнува претпоставки од меѓународната заедница за нивните моментални и идни активности, пишува „Science Alert“.