Се појавија непроверени гласини за тоа кога Microrosft планира да ја објави својата Xbox конзола од следната генерација
Претходно се појави документација од судењето помеѓу FTC и Microsoft, коja сугерираше дека следната генерација на Xbox конзоли на Microsoft ќе биде објавена во ноември 2028 година. Сепак, сега има нови гласини кои спомнуваат дека новите Xbox конзоли ќе пристигнат во текот на 2026 година.
Треба да се напомене дека гореспоменатата документација беше објавена уште во мај 2022 година и сигурно дека голем дел од плановите на Microsoft се променети оттогаш.
Протекувањето споменува потенцијално освежување на Xbox Series X во средината на новиот циклус на објавување на конзолата, што би требало да биде кон крајот на октомври 2024 година. Конзолата го носи името Brooklin и би можела да биде цилиндрична, само во дигиталниот облик на Series X моделот.
Што се однесува до конзолата од следната генерација, информациите доаѓаат од репортерот на Giant Bomb, Џеф Граб, кој ова го сподели ова за време на неодамнешниот пренос на Game Mess Decides.
На хардверски план, следната генерација на Xbox можеби нема да се фокусира само на сирова моќ и може да биде првата конзола за видео игри со вградена вештачка интелигенција.
Microsoft инвестира огромни средства и ресурси во вештачката интелигенција, а Copilot технологијата на компанијата помага да се револуционизира производството. Така, следната конзола на компанијата би можела да AI акцелератори, како и NPU (Neural Processing Unit) копроцесор, кој работи со прилагоден чипсет.