Благодарение на својата телефото перископ камера од 200 MP, Vivo X100 Pro plus наводно ќе донесе 200x дигитален зум, но и 4,3x оптички подобар квалитет
Иако компанијата Vivo веќе лансираше телефони од серијата X100 со импресивни можности на камерите, се чини дека не сака да застане тука, бидејќи планира да го објави моделот Vivo X100 Pro Plus. Тој треба да донесе неверојатен дигитален зум од 200x благодарение на неговата телефото перископ камера од 200 MP.
Телефото камерата со сензор од 200 MP ќе биде прва од ваков вид во целата индустрија за паметни телефони, заедно со големина на сензор од 1/1,5 инчи. Добро познатиот инсајдер на Weibo, Digital Chat Station вели дека прототипот на уредот користи 4,3x оптички зум со фокусна должина од 100 mm. Наводно, ќе може да обезбеди импресивен квалитет на оптички зум до 10x. Во неговиот извештај се споменува и „фузија на фокусна должина“ што треба да испорача одлични фотографии во портретен режим и севкупно подобрено фотографско искуство.
Овој телефон би требало да излезе во април 2024 година, а за разлика од веќе лансираните модели од оваа серија, наместо MediaTek Dimensity 9300, би требало да го покренува Qualcomm Snapdragon 8 Gen 3 чип. Vivo X100 Pro Plus треба да има и „ултразвучен“ скенер за отпечатоци, како и Sony LYT-900 сензор на главната камера.
Гледајќи ги овие спецификации, се чини дека компанијата сака да се позиционира на врвот на пазарот на паметни телефони со многу добри камери, парирајќи и на конкуренцијата од технолошките гиганти во оваа област.