Nothing Phone (2a) наводно ќе го покренува MediaTek Dimensity 7200 чипсет и ќе има 6,7-инчен AMOLED екран од 120 Hz
Nothing ова лето го претстави Phone (2) и на тој начин влезе во водите на речиси флегшип смартфоните. Иако тој модел можеби не го користи најсилниот чипсет на пазарот, неговите перформанси се прилично конкурентни за малку повисок ранг, особено ако се земат предвид други аспекти како што се транспарентниот дизајн, системот на камера, но и цената која за почетниот модел изнесува 679 евра.
Сепак, за да ги задоволи клиентите со нешто помали барања и построг буџет, Nothing се подготвува да го претстави Phone (2a), паметен телефон од средна класа кој ќе има нешто пониска цена, но и послаби спецификации.
Според информациите кои неодамна ги објави Smartprix, Nothing Phone (2a) ќе има 6,7-инчен AMOLED екран со резолуција од 1.084 x 2.412 и брзина на освежување од 120 Hz, кој ќе го произведуваат BOE и Visionox.
Што се однесува до чипсетот, ќе биде составен од MediaTek Dimensity 7200 процесор поврзан со 8GB RAM и 256GB простор за складирање. На задната страна, може да се најде главниот сензор од 50 мегапиксели, 1/1,5-инчниот Samsung S5KNG9, опкружен со ултра широк сензор S5KJN1 од 50 мегапиксели. На предната страна, во отворот на екранот, ќе биде сместе Sony IMX615 сензорот од 32 MP.
Се очекува дека Nothing ќе го претстави Phone (2a) на претстојниот MWC конгрес во Барселона, кој ќе се одржи од 26 до 29 февруари, 2024 година.