Јапонското вселенско летало SLIM го направи клучниот чекор кон првото слетувањето на Месечината во историјата на оваа земја
Станува збор за јапонскиот роботизиран лунарен лендер SLIM, кој влезе во лунарната орбита на Божиќ, 25 декември, како што беше и планирано, објави јапонската вселенска агенција JAXA.
Леталото долго 2,7 метри, беше лансирано на 6 септември заедно со вселенскиот телескоп „Икс-РИСМ“. Додека вториов уред остана во Земјината Орбита, SLIM ја напушти гравитацијата на нашата планета на 30 септември и се упати кон Месечината. Леталото се наоѓа во елипсовидна орбита каде што се потребни 6,4 часа за да ја заобиколи Месечината. Во најблиската точка е оддалечена 600 километри, а на најоддалечената точка 4.000 км., објави Јапонската вселенска агенција.
SLIM ќе се обиде да слета на површината на Месечината на 19 јануари 2024 година, и доколку тоа успее, Јапонија би била петтата земја, по Русија (СССР), САД, Кина и Индија, која ќе изврши меко слетување со летало на површината на Месечината.
Ако се оди според планираното, јапонското летало треба да фрли две микросонди на површината на Месечината по слетувањето. Овие сонди ќе фотографираат и ќе му помогнат на тимот на мисијата да го следи статусот на леталото што ќе овозможи независен комуникациски систем за директна комуникација со Земјата. SLIM не е првото јапонско вселенско летало коешто стигнало до Месечевата Орбита. Сондата Hiten го направи тоа во 1990., а SELENE во 2007 година.
Лендерот Hakuto-R на iSpace беше во орбитата во март, се обиде да слета во април, но имаше проблем со неговите сензори, па таа мисија беше неуспешна.