Со цел подобро да ги истренира своите модели со вештачка интелигенција, Apple сака да ја користи архивата на вести на големите медиумски куќи. Во моментов се водат преговори, но нема многу заинтересирани
Apple моментно преговара со големите медиумски куќи за лиценцирање на нивните архиви со вести и користење на тие информации за да помогне во обуката на своите генеративни AI модели. Како што известува The New York Times, станува збор за повеќегодишни договори во вредност од најмалку 50 милиони долари.
Иако станува збор за голема сума пари, медиумските компании со кои контактирал Apple, како Conde Nast, NBC News и IAC, не се целосно заинтересирани за ваква соработка. Причината за ова е фактот што тие би можеле да бидат потенцијално законски одговорни за одредени ситуации кои би можеле да произлезат од користењето на нивната содржина од страна на Apple.
Но, доколку Apple успее да ја постигне посакуваната соработка со медиумските компании, нема да биде првата компанија што ќе го стори тоа за да ги подобри своите системи за вештачка интелигенција. На пример, OpenAI, кој стои зад популарниот ChatGPT, потпиша договори со Associated Press и Axel Springer ова лето, за да можат да ги користат нивните текстови за тренирање на вештачката интелигенција.