Microsoft AI четботот, Copilot кој може да му помогне на корисникот во се, од пишување мејлови до кодирање, сега е достапен на уредите со Android.
Copilot го покренуваат GPT-4 и DALL-E 3, најновите јазични модели на компанијата OpenAI, и може да се користи за креирање фотографии од едноставни текстуални описи и барања. Апликацијата е достапна преку Google Play Store и е бесплатна за преземање. Исто така, воопшто не е неопходно да имате сметка на Microsoft за да се најавите.
Воведувањето на мобилната верзија на четботот на Microsoft, Copilot, порано познат како Bing Chat, беше тивко и без официјална најава, што е во спротивност со доаѓањето на Bing Chat на мобилните уреди. Новата апликација Copilot беше лансирана претходно овој месец, корисниците на социјалната мрежа X ја забележаа на Play Store, но сè уште не е достапна за уредите со iOS и сè уште нема официјални ветувања за нејзиното пристигнување.
Copilot наменет за мобилни уреди е очекуван потег на Microsoft. Претходно беше пласиран на Windows 10 откако пристигна на Edge, производите на Microsoft 365 и Windows 11. Благодарение на тоа, денес има дополнителни милијарда уреди кои можат да го користат овој асистент за вештачка интелигенција, што е јасен сигнал од Microsoft дека работи на експанзија. Microsoft неодамна го надгради Copilot и ja додаде можноста за сумирање на видеа и функцијата за креирање песни.