Apple ја стопираше продажбата на паметните часовници Series 9 и Ultra 2 поради патентен спор со компанијата за медицинска технологија Masimo.
Спорот се однесува на сензорот за кислород во крвта пронајден во двата часовници на Apple. Американскиот претстедател Џо Бајден не стави вето на одлуката на американската меѓународна трговска комисија (ITC), која на почетокот на годинава објави дека Apple го прекршил патентот на Masimo, пренесува CNN.
Канцеларијата на американската трговска претставничка Кетрин Таи потврди дека Белата куќа нема да се спротивстави на одлуката на ITC. Кетрин Таи „по внимателно разгледување“ одлучи да не стави вето, па на 26 декември одлуката на Меѓународната трговска комисија стана конечна.
Apple вчера ги отстрани од продавниците спорните модели на паметни часовници, а од минатата недела клиентите не можат да ги нарачаат ниту преку интернет.
Според сопствените зборови, технолошкиот гигант од Купертино „апсолутно не се согласува“ со одлуката на Меѓународната трговска комисија и најави дека ќе поднесе жалба.