Најновиот „терминатор“ од Кина, Nubia Z60 Ultra наводно заработил многу пари на своето деби.
Првичната продажба на овој телефон на производителот му донесе повеќе од 140 милиони долари „во секунда“, пишува Gizmochina, иако не наведува никаков извор за ова тврдење.
Nubia Z60 Ultrа доаѓа во неколку варијанти кога станува збор за Кина, вклучувајќи 12GB/256GB (околу 600 долари), 16GB/512GB (околу 660 долари), 16GB/1TB (околу 740 долари) и 24GB/1TB (околу 839 долари).
Најважниот аспект на овој телефон е камерата, па затоа има три главни: 18мм ултра широк, 35мм објектив за „улична фотографија“ и 85мм телефото.
Што се однесува до останатите карактеристики, има 6,8-инчен OLED екран со 1,5K резолуција и стапка на освежување од 120Hz. Под дисплејот се наоѓа селфи камера од 12 мегапиксели и сензор за отпечатоци, а неговиот оперативен систем е My OS 14, базиран на Android 14.
Овој премиум модел се напојува со Snapdragon 8 Gen 3, има LPDDR5x RAM, како и складирање UFS 4.0. Има и голема батерија од 6.000 mAh која поддржува брзо полнење од 80 W.