Како што беше најавено уште во септември оваа година, Amazon најави дека на почетокот на 2024 година ќе воведе реклами во пакетот со најниска претплата
Освен ако не сте подготвени да плаќате дополнителна такса секој месец, Amazon од 29 јануари ќе почне да прикажува реклами, при гледањето содржини на неговата услуга Prime Video.
Оваа одлука ја оправдуваат со тоа што сакаат да продолжат да инвестираат во содржини кои се привлечни за корисниците. Исто така, во мејлот испратен до корисниците се наведува дека ќе прикажуваат помалку реклами од линеарните телевизии и другите стриминг сервиси.
Оние кои не сакаат реклами имаат можност да платат дополнителни 2,99 долари (во САД), додека премиум цените за другите пазари допрва треба да бидат објавени.
Што се однесува до останатиот дел од содржината на испратениот мејл, во неа најмногу се зборува за предностите од претплатата на Prime, што очигледно е обид да се намали бројот на оние кои привремено или трајно ќе престанат да ја плаќаат претплатата со оваа одлука.