Новиот автомобил на Xiaomi ќе работи на оперативниот систем HyperOS, а Извршниот директор на компанијата, Леи Јун на социјалната мрежа X сугерираше дека возилото е поврзано со паметен телефон и апарати за домаќинство.
Технолошкиот гигант Xiaomi познат по своите паметни телефони, го претстави својот прв електричен автомобил SU7 и најави дека во наредните 15 до 20 години сака да стане еден од петте најголеми светски произведувачи на електрични возила.
Возилото од тип седан SU7 (акроним од Speed Ultra) ќе користи батерија од главните кинески произведувачи, Contemporary Amperex Technology и BYD, пренесува Bloomberg.
Новиот автомобил има оперативен систем HyperOS, а извршниот директор на компанијата Xiaomi, Леи Јун на социјалната мрежа X сугерираше дека возилото е поврзано со паметен телефон и апарати за домаќинство.
Xiaomi излегува на пазарот за електрични автомобили кој е веќе презаситен, а послабата побарувачка за електрични возила ги принудува произведувачите да ги намалат цените на своите производи за и натаму да бидат конкурентни.
„Напорно работејќи во наредните 15-20 годиние станеме еден од петте најголеми светски производители на автомобили и ќе настојуваме да ја подигнеме целата кинеска автомобилска индустрија”, изјави извршниот директор Леу Јун.
SU во името означува Super Ultra, што би требало да сугерира дека автомобилот ќе има напредни опции. Xiaomi претстави пет темелни технологии на кои работел како е-моторот, нови батерии, автономно возење,паметна кабина и нов начин на обликување на самата каросерија.
Покрај тоа, Xiaomi се пофали и со својот мотор HyperEngine, за кој тврди дека во масовно производство ќе има 21000rpm во верзијата V6, односно 27200rpm во верзијата V8, која треба да се најде во производство до 2025 година.
Батеријата треба да биде дебела само 120 мм и вградена под кабината, а Xiaomi разви и нов начин на изработка на шасијата, која треба да биде потивка, полесна и подолготрајна.