Руската вселенска државна агенција Роскосмос соопшти денес дека програмата на заеднички летови со американската вселенска агенција NASA до Меѓународната вселенска станица (ISS) продолжува до 2025, јавуваат агенциите.
Заедничките летови продолжуваат „за да се одржи континуитетот на работата на ISS“ и ќе се вршат со руски и американски вселенски летала, соопшти Роскосмос.
Во тие летови на ИСС се испраќа еден американски астронаут како дел од екипажот на руското вселенско летало, односно еден руски космонаут станува дел од американскиот екипаж.