Претстојните iPad Pro модели од следната генерација би можеле да добијат поддршка за безжичниот MagSafe полнач
Следните iPad Pro таблет уреди, кои се очекуваат во 2024 година, може да вклучува и поддршка за безжично Magsafe полнење, известува популарната веб-страница за информации за Apple, MacRumors.
Информациите доаѓаат од извори блиски до компании кои произведуваат магнети за производите на Apple. Иако овие гласини допрва треба да бидат потврдени, во минатото имаше извештаи дека Apple работи на поддршка за безжично полнење за iPad.
Новите 11,1-инчни и 13-инчни модели на iPad Pro, кои ќе пристигнат со со OLED дисплеи, се планирани за 2024 година. Овие уреди треба да добијат и надградба на дизајнот, со оглед на тоа што Apple не го промени дизајнот на iPad Pro веќе неколку години.
Можно е Apple да планира стаклена позадина за iPad Pro, но таа вест не е потврдена. Стаклениот заден дел би го направил iPad Pro поподложен на оштетување при пад, но исто така ќе овозможи поддршка за безжични додатоци и MagSafe полнач.
Наводно, новите iPad Pro модели би работеле и со 15W магнетни Qi2 полначи, на кои работат екстерни производители.