Google бара решение базирано на вештачка интелигенција за Android Auto кое би го олеснило примањето известувања додека возите.
Така, претстојното ажурирање ќе ги сумира вашите пораки, давајќи им приоритет на итните разговори, како што објави веб-страницата 9to5Google.
„Помошникот сега може да ги сумира вашите пораки. Овие резимеа ќе ги генерира вештачката интелигенција, па може да се појават грешки. Можете да го исклучите ова во секое време во поставките на апликацијата Android Auto, стои во описот на новото ажурирање.
Затоа, сепак мора да внимавате на она што е напишано во пораките, бидејќи може да има грешки, па ако чувствувате дека нешто е чудно, подобро е сами да го проверите. Не е јасно кога оваа функција ќе стане достапна за сите корисници, но моментално е во бета верзија.
Android Auto беше малку повеќе во центарот на вниманието кога станува збор за иновациите во последната година, што значи дека Google сериозно смета на оваа апликација.