Microsoft пред неколку дена ja лансираше апликацијата за својот четбот Copilot наменета за уреди со оперативниот систем Android, а сега пристигна и верзија за мобилните уреди кои го користат iOS на Apple.
Исто како и случајот со Copilot на десктоп, но и со другите чет-ботови за вештачка интелигенција како ChatGPT, корисникот може да внесе прашање за нешто што го интересира, по што ќе добие одговори креирани од вештачката интелигенција. Copilot ќе понуди одговори базирани на OpenAI GPT-4, најновиот главен јазичен модел од Microsoft. Бесплатната верзија на ChatGPT се напојува со постариот јазичен модел ChatGPT-3.5, додека пристапот до поновиот модел бара претплата на ChatGPT Plus.
Покрај тоа, Copilot за iOS има можност да конвертира зборови во фотографии. Таа посебна функција ја лансира text-to-image AI системот DALL-E 3 на OpenAI, за кој компанијата претходно рече дека е „значително подобар“ во можноста да „разбере“ каков конечен „резултат“ корисникот сака да го добие од текстот. DALL-E 3 е дизајниран да биде подобар во прикажувањето елементи со кои имаа проблеми неговите претходници, како што се човечките раце.
Ова е најновиот Copilot производ објавен од Microsoft откако го преименува во Bing Chat. Компанијата го донесе Copilot на Windows 10 и Windows 11 системите, правејќи го четботот со вештачка интелигенција достапен на околу милијарда уреди. Со новите апликации, Microsoft уште повеќе го проширува досегот на Copilot, особено поради фактот што апликациите се достапни целосно бесплатно.