Вредноста на платформата X опадна за 71 процент откако социјалната мрежа ја купи милијардерот Eлон Маск, објави американската мултинационална корпорација за финансиски услуги Fidelity.
Заедничкиот фонд Fidelity, кој поседува удел во платформата X, ја намалил вредноста на својот удел, а податоците за тоа ги добил американскиот сајт Axios и проценува дека сега вредноста на X е околу 12,5 милијарди долари.
Тој фонд навел дека до ноември минатата година вредноста на неговите акции во платформата X опаднале за 71,5 проценти, објави The Guardian.
Потсетуваме, Eлон Маск го купи Twitter за 44 милијарди долари во октомври 2022 година, а го промени името на платформата во X во јули 2023 година. Бројот на месечни корисници на платформата X опадна за 15 проценти во текот на првата година од преземањето на Маск, поради загриженоста за порастот на говорот на омраза на платформата.
Освен тоа, од преземањето на Маск, X отпушти најмалку 50 проценти од персоналот.
ЕУ во септември издаде предупредување до милијардерот, откако откри дека „X“ има најголем број на објавени дезинформации од сите големи социјални мрежи.
Маскм, исто така, во меѓувреме на платформата врата голем број на луѓе на кои претходно им беше забранет пристап, вклучувајќи го поранешниот американски претседател Доналд Трамп.