Јужнокорејската компанија објави дека долгоочекуваниот Unpacked настан е закажан за 17 јануари и ќе се одржи во американскиот град Сан Хозе во Калифорнија.
Веќе некое време се шпекулира за наводниот датум за премиерата на следната флегшип Samsung Galaxy S24 серија паметни телефони. Компанијата сега објави дека долгоочекуваниот Unpacked настан е закажан за 17 јануари и ќе се одржи во американскиот град Сан Хозе во Калифорнија.
Samsung конкретно не обелоденува кои уреди ќе бидат објавени и видео тизерот никаде не ја споменува новата Galaxy S24 серија, но во видеото стои Galaxy AI. Веќе извесно време се зборува дека новите Galaxy 24 телефони ќе ја користат моќта на вештачката интелигенција, и тоа повеќе од кога било досега.
Galaxy AI се очекува да преведува телефонски разговори во живо, ќе брише делови од фотографии и кој знае што уште. Сето тоа ќе биде остварливо благодарение на новиот Snapdragon 8 Gen3 чип, кој исто така фокусот го става на способноста за вештачка интелигенција.
Who’s ready for a new era of mobile?! #SamsungUnpacked is going to be epic. Don’t miss out.
❤️ to follow along for a never-before-seen debut. pic.twitter.com/EImcAXmq6s
— Samsung Mobile (@SamsungMobile) January 2, 2024
Настанот ќе се емитува во живо на официјалната веб-страница на Samsung и на YouTube каналот на компанијата, со почеток во 19 часот по македонско време. Серијата уреди треба да ги вклучува Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra, а веќе има многу информации за уредите пред премиерата, и практично ги знаеме речиси сите клучни спецификации.
Сепак, сигурно е дека Samsung ќе изненади со некои детали кои се уште не се познати.
Нови информации ги откриваат спецификациите на Galaxy S24 серијата