Тоа што до неодамна изгледаше како тежок експеримент, оваа година се покажа и како остварливо
Како што се најавуваше, а и се очекуваше, SpaceX минатата година го соборил рекордот по бројот на успешни лансирања на своите ракети. Додека во 2022 година компанијата извела, за тоа време, рекорден број на лансирања – 61, за оваа година се зборувало дека таа бројка би можела да биде дури и трицифрена. Иако таа историска бројка до 100 успешни лансирања во текот на една година не е остварен, SpaceX сепак може да се пофали со нов рекорд, а бројките се навистина импресивни.
Во текот на последната година SpaceX просечно на секои четири дена лансирал нова ракета во орбитата, а последното лансирање било во минатиот четврток. SpaceX прво со ракетата Falcon Heavy од Флорида во орбитата лансирал американски воен автономен вселенски авион „x-37B“, а после тоа истиот ден ја лансирал и „Falcon 9“ со 23 сателити на Starlink. Со тие две лансирања, бројот на успешни лансирања на ракети на SpaceX минатата година дошол до 96. Треба да се нагласи дека компанијата лансирала уште две ракети, но само со цел за тестирање и ниеден Starship не се вратил на Земјата.
Целта на Елон Маск од 100 успешни лансирања не е исполнета, иако SpaceX бил многу блиску и ако немало неповолни временски услови и одредени технички потешкотии, можеби компанијата на Маск минатата година ќе го остварела тоа го големо достигнување. Можеме да претпоставиме и да очекуваме дека тој рекорд би можел да „падне“ оваа година, бидејќи SpaceX ќе продолжи со лансирањето на своите, како и на други сателити, а се надеваме и на нови, овој пат успешни лансирања на Starship. Според претходните најави од компанијата, планирано е лансирање на дури 144 ракети во текот на 2024 година.
Потпретседателот на одделот за лансирање во SpaceX, Џон Едвардс неодамна коментирал дека пред неколку години Илон Маск предложил цел од сто лансирања како тежок експеримент, но се покажало дека тој експеримент е и тоа како остварлив. „Неверојатно сум горд што работам со најдобриот тим на светот и возбуден сум да видам што можеме да постигнеме следната година“, рекол Едвардс.
Колкава е доминацијата на компанијата на Маск во однос на конкуренцијата, најдобро кажува споредбата со бројот на лансирања на другите компании. Имено, американската компанија Rocket Lab USA минатиот месец го имала своето десетто лансирање во 2023-та година.