Компанијата Sony објави детален и интересен преглед на најпопуларните игри на PlayStation во 2023 година, а водечките позиции на листата ги зазедоа Fortnite и FIFA 23 во повеќето земји опфатени со статистиката. По нив следува Call of Duty, а најблизок регион кој ни го покрива статистиката е Апенинскиот полуостров, поточно Италија.
„Со импресивна линија на игри, иновативни уреди и мноштво други неверојатни содржини, 2023 година не беше само одлична година за PlayStation – таа беше сензационална!“, објави компанијата Sony. Со оглед на тоа што Македонија, како и многу други европски земји, не се опфатени со поединечна статистика, најблиску ни е Италија. Во оваа земја, Fortnite е исто така на прво место, FIFA 23 е на второ место, но третото место го зазеде деценискиот наслов од познатиот издавач Rockstar: Grand Theft Auto V.
Некои од другите големи пазари како Јапонија, САД и Велика Британија имаа малку поинаков распоред, но ниту Fortnite ниту FIFA 23 не беа изоставени од овие листи.Во Јапонија првото место го зазедоа Apex Legends, потоа Genshin Impact, а Fortnite во овој случај заврши на третата позиција. Кога станува збор за Соединетите Американски Држави, најигран е Fortnite, потоа Call of Duty, а исто како и во Италија, GTA V остана многу популарна и се најде на третото место меѓу најиграните PlayStation титули во претходните 365 дена. .Во Обединетото Кралство гејмерите најмногу внимание посветиле на Fortnite, потоа FIFA 23, а на третото место е Call of Duty.
Во повеќето вклучени региони, Fortnite успеа да го заземе првото место. Како и да е, ова не треба да изненади бидејќи се работи за бесплатна игра, а особено бидејќи 2023 година всушност беше една од најважните години за Fortnite откако влезе во нашите животи.
Она што можеби малку изненадува е речиси универзалниот успех на FIFA 23. Без разлика што се работи за премиум наслов, оваа фудбалска игра успеа да се пласира меѓу првите три наслови на дури 19 од 24 опфатени пазари. Единствените исклучоци од ова фудбалско уживање се: Јапонија, Јужна Кореја, Канада, САД и Нов Зеланд.
Целосната листа на најиграните наслови по региони можете да ја пронајдете на сајтот на Playstation.