Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот рецепт за музички хит, затоа што и овојпат нивната нова песна „Кажи ми во лице“ е полн погодок, односно мелем за уши. Музичкото дуо Дупер го објави најновиот музички проект „Кажи ми во лице“ и за само неколку часа го украде вниманието на јавноста.
Преку најновата песна „Кажи ми во лице“ успеаа со поинаков пристап, да го искажат својот автентичен музички стил со заразни мелодии и певлив текст, зад кој се крие искрена љубовна емоција. Музиката и текстот се авторско дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, зад аранжманот на песната се потпишува Борис Какуринов, а за миксот и мастерот е задолжен Ангел Ќосев од студио „Подрумот“.
Видео записот, кое е дело на Јордан Ѓорески, е снимен во пријатна и тивка, домашна атмосфера која совршено ја отсликува приказната и емоцијата во песната.
Музиката што ја создава Дупер е единствена и безвременска и затоа секој нивен нов проект освен што носи свежина во македонскиот музички етер, исто така секогаш е пријатно изненадување за публиката.
Со песните „Не сум твој тип“, „Ние сме 2“, „Тело за на ТВ“, „Пробај да ми бидеш“ ја освоија македонската публика, а со „Кажи ми во лице“ докажаа дека се квалитетно музичко дуо кое создава оригинална музика со препознатлив и карактеристичен звук.
Од првото сценско појавување до сега, Дупер прерасна во македонски музички бренд.
Подолгу погледнете го видео записот за песната „Кажи ми во лице“.