Првиот транспарентен microLED дисплеј во светот дебитираше како дел од линијата производи на Samsung на FirstLook настанот на CES 2024.
Иако Samsung официјално го претстави Transparent microLED екранот во три опции со малку поинаков дизајн, компанијата на CES 2024 саемот не откри детали за оваа технологија или кога би можела да биде достапна во малопродажба. Сепак, дефинитивно вреди да се спомене фактот дека се работи за првиот ваков екран во светот и дека изгледа навистина неверојатно.
Два од трите презентирани демо уреди имаа затемнети стакла што го олеснува игнорирањето на предметите зад самиот панел што потенцијално може да го одвлечат вниманието на нивните корисници од гледање содржина на екранот. Третиот, сепак, изгледа потполно проѕирно, исто како и повеќето обични стакла, а има и дизајн без рамка.
Содржината во живо на проѕирниот microLED екран на Samsung не е најлесно да се опише, со оглед на тоа дека изгледа речиси како холограм кој лебди во воздухот, тврди порталот Engadget, кој имаше можност се запознае со оваа технологија „очи в очи“.
[Video] [CES 2024] Samsung’s New Transparent MICRO LED Display Blurs the Boundaries Between Content and Realityhttps://t.co/PWGyGbvsr3
— Samsung Electronics (@Samsung) January 8, 2024
Секој од екраните беа поставени независно, со дебелина од само околу еден сантиметар, што дополнително придонесува за илузија на лебдечки панел. Дополнително, поради високата густина на пиксели на microLED технологијата, сликите што ги прикажуваат овие екрани се неверојатно остри.
Според претставниците на компанијата Samsung, поради поголемата осветленост на проѕирните microLED екрани во споредба со нетранспарентните, класични OLED панели, тие се помалку подложни на влијанието на амбиенталната светлина.
Лошата вест е дека сегашните „обични“ или нетранспарентни 110-инчни microLED телевизори на Samsung моментно чинат 150.000 долари, така што сигурно ќе помине доста време додека овие нови екрани не станат малку попристапни.
И покрај тоа, убаво е да се види дека технологијата продолжува да напредува, дури и ако тоа е нешто недостапно за масите.