Ако сте корисник на услугата за управување со лозинки LastPass, ќе ве интересираат овие информации.
LastPass е една од најпопуларните услуги за управување со лозинки, и иако од 2018 година, стандардно во поставките на услугата можеше да се креира лозинка од 12 знаци, корисниците имаа опција да креираат лозинка со помалку знаци. Тоа сега ќе се промени, бидејќи популарниот менаџер за лозинки сега одлучи да побара од корисниците на услугата да направат некои промени.
Во соопштението на компанијата, LastPass посочува дека промените се однесуваат на ажурирање на должината и сложеноста на главната лозинка, а целта е да се исполнат најдобрите практики при креирање заштита на корисничките сметки.
Корисниците кои сè уште користат пократки лозинки ќе бидат известени за промените и ќе биде побарано да создадат нова лозинка. Ова прво ќе биде објавено за бесплатни и премиум сметки, а потоа за деловни кориснички сметки.
LastPass ги охрабрува и корисниците да вклучат MFA или повеќефакторска автентикација.