Американската национална аеронаутичка и вселенска администрација NASA денеска соопшти дека првото слетување на луѓе на Месечината по повеќе од 50 години ќе биде извршено во 2026 година, а не во 2025 година, како што беше претходно планирано.
NASA соопшти дека астронаутите ќе мора да почекаат следната година пред да летаат на Месечината и уште неколку години пред да слетаат на неа.
Американската вселенска агенција планираше да испрати четворица астронаути на Месечината на крајот на оваа година, но летот беше одложен за септември 2025 година поради технички проблеми.
Објавата дојде набргу откако Astrobotic Technology се откажа од обидот да го спушти своето вселенско летало на Месечината поради истекување гориво.
Сондата требаше да служи како извидник за астронаутите.