Сите очи се вперени во престојниот Unpacked настан на Samsung, каде ќе бидат претставени флегшип смартфоните од Galaxy S24 серијата, но јужнокорејската компанија во меѓувреме претстави и два робусни уреди.
Станува збор за телефонот Galaxy XCover7 и таблет компјутерот Galaxy Tab Active5, кои користат оперативен систем Android 14. Двата поддржуваат 5G конекција, NFC за плаќање, Samsung Knox Vault за заштита на податоците и копче за брз пристап во тешки услови, што може бидат програмирани.
Galaxy XCover7 доаѓа со 6,6-инчен LCD екран со Full HD+ резолуција, кој има зголемена чувствителност на допир за употреба со ракавици со дебелина до 2 mm, како и во влажни услови. Samsung генерално не открива кој процесор ги покренува неговите телефони, но познато е дека Galaxy XCover 7 содржи процесор произведен на процес од 6nm со octa-core процесор.
Има само една камера од 50 MP на задната страна, додека на предниот дел е сместена селфи камера од 5 MP. Процесорот е поврзан со 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија, која може да се прошири со помош на microSD картичка. Има и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, како и технологија Dolby Atmos.
Galaxy XCover7 е направен да трае и поседува iP68 сертификат за водоотпорност и MIL-STD-810H. Екранот е заштитен со Gorilla Glass Victus+, а уредот се напојува со батерија од 4.050 mAh.
Телефонот има и No Battery Mode, што му овозможува да работи без батерија кога е поврзан на USB-C. Ова е многу корисно за употреба во киосци, автомобили и други места каде што уредот е постојано поврзан со полнач. На овој начин батеријата е заштитена, а мобилниот телефон не испушта дополнителна топлина.
Се очекува уредот да се појави на пазарот по цена од околу 366 евра во Чешка, што го прави многу попристапен во споредба со неговиот претходник Galaxy XCover 6 Pro, кој дебитираше со цена од околу 450 евра во 2022 година.
Таблетот има 8-инчен LCD екран со брзина на освежување од 120 Hz, задна камера од 13 MP и предна камера од 5 MP. Уредот го покренува процесор развиен на процес од 5 нанометри.