Компанијата Realme ја претставува иднината на фотографијата, бидејќи Realme 12 Pro серијата донесува перископ телефото објектив и во исто време ја најавува годината на ребрендирање
Realme, најбрзо растечкиот бренд за паметни телефони на глобално ниво, објави за време на CES 2024 саемот во Лас Вегас дека новата Realme 12 Pro серија ќе има водечки телефото перископ објектив. Присутните имаа можност да ги погледнат претстојните Realme 12 Pro уреди (12 Pro и 12 Pro+), а некои сугерираат дека тоа би можел да биде водечки телефон за сликање во својата категорија.
Realme ја започнува својата „година на фотографија“, а годинашниот прв уред, C67 донесува моќни надградби во однос на неговиот претходник, C55, а наскоро можеме да го очекуваме неговото лансирање во Европа.
Основачот и извршен директор на компанијата Realme, Скај Ли неодамна објави отворено писмо во кое истакна дека 2024 година ќе биде и година на ребрендирање. Компанијата го претстави и својот нов слоган „Make it real“ и се репозиционираше како технолошки бренд кој подобро ги разбира младите корисници.
Realme ги препозна преференциите кај младите корисници и нивната желба да користат телефото леќи со 3X зум или поголем зум, а за да се овозможат високи нивоа на зумирање на тенки телефони, телефото перископот е единствениот остварлив избор. Сепак, оваа технологија претставува технички предизвици и високи трошоци, обично резервирани за водечките телефони. Realme го премости овој јаз со тоа што ја направи водечката телефото перископ технологија остапна за пошироката публика на млади корисници.
Серијата Realme 12 Pro ја подобрува јасноста и стабилноста на ноќните снимки додека ги минимизира отсјајот и сенките, со 3X режим на портрет со златна фокусна должина од 71 mm, создавајќи природно плитка длабочина на поле совршена за портрети. Покрај тоа, Realme 12 Pro серијата ја предводи својата класа во телефото можностите, нудејќи до 120X дигитален зум.
Realme 12 Pro серијата може да се пофали со најголемиот телефото перископ објектив на пазарот, со водечкиот сензор OV64B, кој ги надминува своите конкуренти и се совпаѓа со другите предводници од високата класа, додека главната камера од серијата Realme 12 Pro го поседува Sony IMX890 OIS сензорот, кој ја подобрува ноќта фотографија.
Realme соработуваше со Оливие Сава, меѓународниот мајстор за дизајн на луксузни часовници, за да создаде луксузен дизајн за Realme 12 Pro уредите. Познат по неговото лидерство во компаниите за врвни часовници и накит, Оливие Савео претходно соработуваше со престижни швајцарски брендови на часовници, вклучувајќи ги Rolex, Roger Dubuis, Piaget, Breitling и Quentin. Неговата експертиза одигра клучна улога во создавањето на луксузен дизајн кој ја носи серијата Realme 12 Pro до нови височини на софистицираност.