Кинескиот електричен авион од домашно производство го заврши својот прв лет на аеродром во источната провинција Жеџијанг, објави весникот Science and Technology.
Авионот AG60E, развиен од China Aviation Industry General Aircraft Co. Ltd, е електрично модифицирана, целосно метална верзија на AG60.
Станува збор за спортски авион, двосед, со еден мотор, кој го направи својот прв лет во 2020 година.
Според производителот, AG60E има вкупна должина од 6,9 метри, распон на крилата од 8,6 метри и максимална брзина од 185 км/час.
Проектот за доградба за електрификација на постојните авиони со фиксни крила е корисен напор и придонесува за развој на стратешката индустрија во подем, таканаречената економија на „ниска височина“, која се однесува на областа на индустриите фокусирани на цивилни и беспилотни летала, вклучувајќи производство, летови на мала височина и интегрирани услуги, додаде производителот на авиони.