Honor ја претстави својата нова флегшип Magic6 серија смартфони, која ги содржи Magic6 и Magic6 Pro моделите.
Станува збор за уреди кои го користат најдобриот процесор на Qualcomm, Snapdragon 8 Gen 3 и поседуваат LTPO OLED екран и импресивни камери предводени од перископ сензорот кај Pro моделот со 180 MP.
Magic6 и Magic6 Pro се опремени со 6,8-инчен заоблен LTPO AMOLED екран со резолуција од 1.264 x 2.800 пиксели, променлива стапка на освежување од 1 – 120 Hz и максимална осветленост од 1.800 нита или 5.000 нита HDR максимална осветленост на локална содржина.
Двата екрани имаат PWM затемнување со ултра-висока фреквенција од 4.320 Hz и селфи камери од 50 MP со отвор на бленада f/2.0. Magic6 доби единечен punch-hole отвор во дисплејот, додека Pro моделот има засек во форма на пилула, во кој се наоѓа 3D модул за отклучување на уредот, преку препознавање на лицето.
На задната страна се наоѓа главна камера од 50 MP со променлив отвор на бленда f/1,4 – f/2,0 во случајот со Pro моделот или камера од 50 MP со отвор на бленда од f/1,9 во случајот на „основниот“ модел Magic6 . Honor имплементираше перископ камера од 180 MP со 2,5x оптички зум и до 100x дигитален зум во Pro моделот, а има и ултраширока камера од 50 MP. Magic6 се одликува со телефото камера од 32 MP со 2,5x оптички и 50x дигитален зум, како и ултраширока камера од 50 MP.
И двата телефона го користат новиот оперативен систем на Honor – MagicOS 8.0, кој се базира на Android 14. Можно е да се избере помеѓу 12 и 16 GB RAM и до 1 TB внатрешна меморија при купување на Pro моделот.
Magic6 се напојува од батерија со капацитет од 5.450 mAh, која поддржува 66W жично и 50W безжично полнење. Pro верзијата има батерија од 5.600 mAh со поддршка за жично полнење од 80 W и безжично полнење од 66 W.
Во однос на поврзувањето, тој е импресивен и вклучува Wi-Fi 7 и Bluetooth 5.3, при што Magic6 Pro поддржува и сателитско поврзување во Кина. Двата уреди имаат IR сензори за контрола на апарати за домаќинство, а има и IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина.
Мобилните телефони се достапни во црна, зелена, сина, виолетова и беж боја. Magic6 со конфигурација од 12/256 GB чини 620 долари, додека Magic6 Pro моделMagic6 Pro моделот со 16 GB RAM и 1 TB внатрешна меморија чини 943 долари.
Продажбата во Кина ќе започне на 18 јануари, а деталите за продажбата и цените на меѓународните пазари ќе бидат објавени подоцна.