Американската вселенска агенција NASA првпат на јавноста ѝ го претстави својот нов суперсоничен авион Х-59.
Млазниот авион, долг околу 30 метри и распон на крилата од околу 10 метри, беше претставен вчера на локација која припаѓа на Lockheed Martin во американската сојузна држава Калифорнија.
Авионот е централниот дел на проектот на NASA Quesst (Quiet SuperSonic Technology). Првите пробни летови над одредени региони на САД се планирани за подоцна оваа година, при што ќе се собираат дополнителни податоци
„Х-59 е приближно 30 метри долг чекор напред на патеката што започна пред неколку децении кон остварлив комерцијален суперсоничен лет“, рече администраторот на NASA, Боб Пирс.
Потпретседателот на NASA, Пем Мелрој, го опиша леталото како „уште еден скапоцен камен во круната на NASA“.
This is NASA's new X-59 supersonic plane, designed together with Lockheed Martin. Incredible. pic.twitter.com/tsHt7VCQwY
— Ian Miles Cheong (@stillgray) January 12, 2024
Посебната карактеристика на X-59 е тоа што леталото треба да може да достигне суперсонична брзина без експлозијата што се случува при пробивање на звучната бариера. Звучниот удар не се случува само во моментот кога објектот ќе ја премине звучната бариера, тоа е континуиран ефект додека објектот патува со суперсонична брзина.
Федералната управа за авијација на САД (FAA) ги забрани сите цивилни суперсонични летови над САД до понатамошно известување.
X-59 е дизајниран да лета на височина од околу 16 километри со брзина од 1.500 километри на час. Наместо силен тресок, испушта звук исто како тресна врата од автомобилот.
Lockheed Martin доби околу 250 милиони долари од NASA за развој на леталото. Последен пат имало редовни суперсонични патнички летови пред дваесетина години со легендарниот Конкорд меѓу Париз, Лондон и Њујорк.
По несреќата во Париз во 2000 година со повеќе од 100 загинати, операциите беа прекинати во 2003 година. Покрај NASA и Lockheed Martin, други компании моментално работат на враќање на суперсоничните авиони.