Samsung почна да испорачува безбедносни закрпи за јануари 2024 година на своите водечки паметни телефони.
Корисниците во Европа веќе го забележаа пакетот исправки, така што сопствениците на Galaxy S23 моделите ги имаат фирмвер верзиите S91xBXXS3BWL3, додека сопствениците наGalaxy S22 и S21 сериите ги добиваат верзиите S90xBXXS7DWL3 и G99xBXXS9FWL9.
Ажурирањето е „тешко“ околу 400 MB и е исполнето со бројни поправки. Меѓу нив е една критична безбедносна закрпа, а 67 од нив кои имаат ознака „high priority“ од страна на јужнокорејската компанија.
Постои закрпа што ја поправа ранливоста за Samsung Bluetooth спарувањето, која им овозможи на напаѓачите да го остварат процесот на спарување без интеракција со корисникот. Друга интересна грешка, која беше поправена, им дозволиуваше на корисниците на Samsung DeX во мулти-корисничка средина да пристапат до известувањата на другите корисници.
Не е познато дали ова ажурирање нуди заштитни мерки за burn-in на екранот, што Samsung претходно вети дека ќе биде достапно во јануари.
Покрај уредите споменати погоре, безбедносното ажурирање треба да стигне и на Galaxy Z Fold5, Z Flip5, Z Fold4, Z Flip4, A54 и Note20 моделите во рамките на истиот бран.