И покрај фактот што идејата на Artifact беше релативно иновативна, се чини дека не го достигна потребното ниво на популарност што беше потребно за да продолжи апликацијата да работи
Artifact, апликација креирана од соосновачите на Instagram, Кевин Систром и Мајк Кригер ќе згасне по период од една година. Како што објавивме минатата година, апликацијата користеше вештачка интелигенција за да им предложи вести на корисниците, но очигледно не заживеа доволно во морето на различни мобилни агрегатори на вести.
„Креиравме нешто што им се допаѓа на одредена група корисници, но заклучивме дека пазарната можност не е доволно голема за да го оправдаме продолжувањето со вложување на овој начин. На стартапите им е лесно да ја игнорираат реалноста, но често е подобро за сите вклучени да се донесат оваа одлука порано“, рече Систром.
Со цел одлуката за гаснењето да биде прифатена од што повеќе корисници, креаторите решија малку по малку да ги намалуваат содржините и опциите во рамките на Artifact. Затоа, корисниците повеќе не можат да пишуваат коментари или да поставуваат свои објави, но можат да ги читаат вестите до крајот на февруари.
„Вестите и информациите остануваат клучни области за инвестирање. Се наоѓаме во период кога многу весници згаснуваат, локалните вести исчезнуваат, а големите издавачи имаат затегнати односи со водечките технолошки компании. Се надевам дека технологијата може да најде начини за зачувување, поддршка и развој на овие институции“, заклучува Систром.
Artifact – агрегатор на вести кој користи вештачка интелигенција за персонализација на содржини