Претстојните iPhone 16 и iPhone 16 Plus модели на Apple ќе имаат 8 GB RAM, што е зголемување во однос на 6 GB RAM во iPhone 15 и iPhone 15 Plus, според информациите што денеска ги сподели технолошкиот аналитичар Џеф Пу.
Во истражувачката белешка со инвестициската компанија Haitong International Securities, Пу го повтори своето верување дека сите модели на iPhone 16 ќе бидат опремени со 8GB RAM меморија. Зголемената RAM меморија може да придонесе за подобрени перформанси за мултитаскинг на iPhone.
Пу очекува i iPhone 16 и iPhone 16 Plus да поддржуваат Wi-Fi 6E, кој работи vo опсег од 6 GHz, овозможувајќи поголеми брзини на безжична мрежа и намалени пречки во сигналот со компатибилен рутер. Kaj актуелната iPhone 15 серија, Wi-Fi 6E е ограничен само на Pro моделите.
Apple се очекува да ја претстави новата iPhone 16 линија во септември.