WhatsApp ја воведе можноста за форматирање текст уште во 2016 година, а сега тестира нови опции кои ќе им бидат достапни на корисниците на уреди со оперативните системи Android и iOS.
Бета корисниците можат да ги користат знаците „>“ за да означат дел од пораката, додека користењето на знаците „-“ или „*“ овозможува создавање листа со точки.
Нумерираните листи се креираат со едноставно внесување број пред пораката, а приложената слика од екранот покажува како функционира сè.
Новите опции за форматирање текст се моментно достапни за корисниците со WhatsApp бета верзијата 2.24.2.2.9 и iOS верзијата 23.21.1.75, а официјалното објавување се очекува во наредните недели.