Android смартфоните наскоро може да добијат функција која ја претвора физичката SIM во eSIM, која веќе е забележана во Android 4 бета верзијата.
Физичките SIM картички се повеќе се заменуваат со eSIM, а брендовите како Apple и Google веќе ја користат технологијата во своите телефони. Моделите на iPhone дозволуваат дури и да се конвертира традиционалнииот SIM во eSIM, функција која сè уште не е достапна на Android уредите.
Сепак, се чини дека Google работи на функцијата „Convert to eSIM“, која беше забележана во Android 14 Developer 1 верзијата на платформата, но сè уште не стана дел од стабилниот Android 14 софтвер. Сега повторно се појави во најновата верзија на Android 14 QPR 2 Beta 3.
Иако eSIM е поддржан на повеќето телефони со Android од високата класа, тие не нудат опција за конвертирање на физичка SIM картичка во eSIM.
Дебатата за eSIM наспроти физичка SIM картичка доведе до различни реакции меѓу корисниците.
Некои јасни предности што ги носи eSIM вклучуваат тоа што не може физички да се оштети или да се дуплира. Неговата мала големина може да им овозможи на производителите да додадат дополнителни компоненти и да имплементираат водоотпорност на уредите, бидејќи нема отвори што ги бара физичкиот слот за SIM картичка
Сепак, има и голем недостаток. Ако сте навикнати да ја менувате вашата SIM картичка помеѓу различни уреди, eSim ќе го отежни тој процес. Наместо едноставно да ја вметнувате картичката, ќе мора да поминувате низ процес на активирање секој пат кога менувате eSIM-картички на телефоните.