Apple го презеде првото место на пазарот според бројот на продадени уреди во 2023 и покрај тоа што пазарот забележа мал пад во споредба со претходната година
Прелиминарните податоци на компанијата IDC за испораките на паметни телефони во 2023 година покажуваат дека Apple го сменил Samsung од лидерската позиција. Компанијата од Купертино има удел од 20,1% наспроти 19,4% за Samsung. Третата позиција е за Xiaomi со удел од 12,5 проценти.
Од првите три производители, само Apple има раст на годишна основа со испораки од 234,6 милиони уреди во споредба со 226,3 милиони во претходната година. Од друга страна, Samsung забележа пад од 13,6 отсто и 226,6 милиони испорачани смартфони.
Првата петорка ја комплетираат Oppo со 8,8% и Transsion, кои имаат 8,1% и бележат раст од 30,8 поценти. Севкупно, испораките паднаа за 3,2 отсто. на вкупно 1,167 милијарди уреди во споредба со 1,206 милијарди во 2022 година.
Аналитичарите очекуваат раст на испораките во новата година.